Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 97.191 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
SV-Werder-Bremen-Logo.svg

ФК Вердер Бремен — германски фудбалски клуб од градот Бремен во северозападната германска покраина Слободниот Ханзански Град Бремен. Клубот во моментов се натпреварува во Првата Бундеслига, највисокото ниво на германскиот фудбал.

Вердер Бремен бил основан во 1899 година. Клубот е четирикратен шампион на Германија (1964–1965, 1987–1988, 1992–1993, 2003–2004) и шесткратен победник на Купот на Германија (1960–1961, 1990–1991, 1993–1994, 1998–1999, 2003–2004, 2008–2009). Покрај тоа Вердер има освоено и еден Лига куп на Германија (2006) и 3 Суперкупа (1988, 1993, 1994). Освен на домашната тие можат да се пофалат и со успеси на меѓународната фудбалска сцена каде тримуфирале во Купот на победниците на куповите (1991-1992) и Интертото купот (1998). Исто така тие играле и во финалето на Купот на УЕФА во сезоната 2008-2009, во кое биле поразени од украинскиот Шахтар Донецк по продолженија со 2-1. Од формирањето на Бундеслигата во 1963 година, клубот ги поминал сите сезони во Првата Бундеслига со исклучок на сезоната 1980-1981, кога завршиле како први во Втората Бундеслига и експресно се вратиле во елитната дивизија на Германија.

Својте домашни натпревари Вердер ги игра на стадионот Везер уште од 1924 година. Традиционалните бои на клубот се зелената и белата, па најчесто играат во зелени дресови и бели шорцеви. Најголемиот ривал на Вердер му е Хамбургер, со кого играат таканаречено Норддерби (превод на мак. Северно дерби). Досега во клупската историја Вердер Бремен променил 4 амблема. Моменталниот амблем на клубот бил создаден уште од далечната 1929 година и истиот е составен од дијамант во зелена боја, со граница во бела боја, а во внатрешноста се наоѓа буквата W исто така во бела боја. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот
Schloss Augustusburg, Western Facade, November 2017.jpg
Западна фасада на Августусбург. Дворскиот комплекс Августусбург и Фалкенлуст во Брил е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Робин Худ — американски нем филм од 1922 г. со Даглас Фербенкс.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Плажа на островот Батала, Малдиви
На денешен ден…

Денес е 16 ноември 2018 г.

Настани:

534  Објавена е втората и конечна ревизија на Јустинијановиот Кодекс.
1912  Прва балканска војна: Започнува Битолската битка помеѓу српските и турските воени сили.
1918  Унгарија објавува независност од Австрија.
1940  Еден месец по создавањето, нацистите го оградиле со ѕидови Варшавското гето и им го забраниле излезот на неговите жители - Евреите од Варшава. Околу 440.000 Евреи останале изолирани од светот во нехумани услови сѐ до ослободувањето во 1945. Десетици илјади луѓе умреле од глад и болести. Повеќе од 310.000 оттаму биле испратени во логорите на смртта, каде што биле убивани во гасни комори.
1945  Операција „Спојувалка“: армијата на САД тајно прифатила 88 германски научници и инженери да работат на развојот на ракетната технологија.
1945  Основан е УНЕСКО.
1962  Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава.
2001  Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето.

Родени:

42 п.н.е.  Тиберијримски цар.
1717  Жан ле Рон Даламбер — француски математичар, физичар и филозоф.
1762  Караѓорге Петровиќ — српски револуционер.
1810  Карел Хинек Маха — чешки поет.
1898  Симеон Кавракиров — македонски револуционер.
1900  Евгениј Босилков — бугарски католички свештеник.
1920  Тодор Циповски - Мерџаннароден херој на Македонија.
1922  Џин Мајрон Амдахл — американски компјутерски архитект.
1922  Жозе Сарамаго — португалски писател.
1923  Чеде Филиповски - Даменароден херој на Македонија.
1948  Мате Парлов — југословенски боксер.
1955  Хектор Купер — аргентински фудбалер и тренер.
1962  Стевица Кузмановски — македонски фудбалер и тренер.
1971  Александар Попов — руски пливач.
1974  Пол Сколс — англиски фудбалер.
1982  Амаре Стадемаер — американски кошаркар.
1992  Марцело Брозовиќ — хрватски фудбалер.
1993  Нелсон Семедо — португалски фудбалер.

Починале:

1093  Маргарита Шкотска — кралица на Шкотска.
1272  Хенри III — крал на Англија.
1766  Доминикус Цимерман — германски рококо архитект.
1797  Фридрих Вилхем IIкрал на Прусија.
1850  Александар Арон — германски и француски шахист.
1887  Фран Левстик — словенечки писател.
1960  Кларк Гејбл — американски глумец.
1993  Лучијано Леџо — италијански мафијаш, инспирација за романотКум“ на Марио Пузо.
1995  Петре Прличко — доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, глумец и режисер.
2006  Милтон Фридман — американски економист и нобеловец.
2014  Јован Ќирилов — српски театролог и писател.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич