Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 96.204 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Edouard Manet - Le Suicidé.jpg

Самоубиство — чин на намерно предизвикување на сопствената смрт. Факторите кои го предизвикуваат најчесто ги вклучуваат душевни болести како што се депресија, биполарно растројство, шизофренија, злоупотреба на супстанции, вклучувајќи алкохолизам и употреба на бензодиазепин. Други самоубиства вклучуваат импулсивни дејства поради стрес, како што се финансиски тешкотии, проблеми со врски или малтретирање. Оние кои претходно се обиделе да извршат самоубиство, се изложени на поголем ризик за идните обиди. Напорите за спречување на самоубиството вклучуваат ограничување на пристапот до методи на самоубиство, како огнено оружје, дрога и отрови, третман на менталните нарушувања и злоупотребата на супстанции, правилно известување за самоубиство во медиумите и подобрување на економските услови. Иако постојат кризни линии, има малку докази за нивната ефективност.

Најчесто користениот метод на самоубиство варира помеѓу земјите и е делумно поврзан со достапноста на ефективни средства. Заеднички методи вклучуваат бесење, труење со пестициди и со огнено оружје. Самоубиството резултирало со 828.000 смртни случаи на глобално ниво во 2015 година (зголемување од 712.000 смртни случаи во 1990 година). Според овие податоци, самоубиството е десетта водечка причина за смрт во светот.

Околу 0,5% до 1,4% од луѓето умираат од самоубиство, околу 12 на 100.000 лица годишно. Три четвртини од самоубиствата се појавуваат во земјите во развој. Стапките на извршени самоубиства се генерално повисоки кај мажите отколку кај жените, кои се движат од 1,5 пати повеќе во земјите во развој до 3,5 пати во развиените земји. Самоубиството е најчесто кај оние на возраст над 70 години. Сепак, во одредени земји оние на возраст меѓу 15 и 30 се со најголем ризик. Европа имала највисоки стапки на самоубиство по региони во 2015 година. Секоја година се проценува дека има 10 до 20 милиони нефатални обиди за самоубиства. Нефаталните обиди за самоубиство може да доведат до повреда и долгорочни хендикепи. Во западниот свет, обидите се почести кај младите луѓе и жените. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот
Praha Spanish Synagogue Interior 01.jpg
Внатрешност на Шпанската синагога во Прага.

Тропски вечерикраткометражен нем филм од 1920 г.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Кората на Атлантскиот Океан
На денешен ден…

Денес е 19 септември 2018 г.

Настани:

1985  Катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погодил Мексико. Во него загинале околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милиони долари.
1992  Во селото Стајковци, скопско, е поставен и посветен камен-темелник на нова црква „Свети Кирил и Методиј“.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ).
1996  Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Родени:

1551  Анри III — француски крал.
1802  Лајош Кошут — унгарски адвокат, новинар и политичар.
1911  Вилијам Голдинг — англиски писател.
1922  Емил Затопек — чехословачки атлетичар.
1934  Брајан Епстајн — англиски музички менаџер, познат со работата со „Битлси“.
1936  Ал Ертер — американски атлетичар.
1941  Кас Елиот — американска поп-пејачка, членка на групата „Мамас енд папас“.
1947  Виктор Ерофеев — руски писател.
1949  Лесли Хорнбај — aнглиски модел.
1952  Најл Роџерс — американски музичар и продуцент.
1958  Лита Форд — американска рок пејачка.
1996  Дејвид Симан — англиски фудбалски голман.
1966  Андреј Луговој — руски политичар и бизнисмен.
1968  Лила Даунс — мексиканска пејачка.
1970  Игор Исаковски — македонски поет.
1970  Сони Андерсон — бразилски фудбалер.
1972  Ашот Наданјан — ерменски шахист.
1974  Дамир Мулаомеровиќ — босанско-хрватски кошаркар.
1981  Дамијано Кунего — италијански велосипедист.
1986  Гералд Чолек — германски велосипедист.

Починале:

1881  Џејмс Гарфилдпретседател на САД.
1929  Георги Баждаров — македонски револуционер.
1941  Аце Дорев — македонски револуционер.
1942  Рампо Левков - Левката — македонски борец и народен херој.
1944  Ѓоце Стојчевски - Амбарче — македонски борец и народен херој.
1944  Тодор Циповски - Мерџан — македонски борец и народен херој.
1985  Итало Калвиноиталијански писател.
2010  Бади Колет — американски џез-музичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич